Почитувани колеги,
Ве информираме дека во Сл. весник бр.183 од 31.08.2023 година е објавен „Правилник за изменување на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање“ со кој се продолжува рокот за паралелна примена на постојните правилници и Еврокодовите за уште една година, односно до 02.09.2024 година.
Повеќе: Информација за измена на „Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање“







Врз база на спроведената анкета и вашиот интерес за спроведување на обуки за примена на Еврокодовите, подготвен е распоред за месеците септември и октомври, за трите модули, односно за проектирање на бетонски к-ции во високоградбата, челични к-ции во високоградбата и геотехнички к-ции, за секој регион поодделно. Обуките за проектирање на бетонски и челични мостови ќе бидат најавени дополнително. Доколку за одредена обука бројот на пријавени е поголем од планираниот (20 до 25 слушатели), ќе биде формирана и дополнителна група. Минималниот број на слушатели за кој би се формирала група во одреден регион изнесува 10. Поради малиот интерес на колегите од Тетовскиот регион, обуките се пренасочени во Скопје.
Салонот на урбанизмот е традиционална манифестација која се одржува еднаш годишно во Ниш, Република Србија. Здружението на урбанисти на Србија прави осврт на најзначајните достигнувања од областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирање и реализација. Покрај учесниците на салонот од територијата на Република Србија, можат учествуваат архитекти и урбанисти од странство, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE ви пренесува дел од настаните кои се планирани во наредниот есенски период. SHARE е еден од најинтензивните ивенти во регионот, извор на свежи информации кој поддржува континуирана обука на професионалци и промоција на млади таленти, со што целосно се поклопува со статутарните определби на Комората. Акцентот на годинашнава агенда е ставен на SHARE Романија 2023 чијашто програма на настани вклучува спој на експертски дискусии, изложби и конференции за архитектура со поканети меѓународни говорници. Секој настан служи како катализатор за нови идеи, врски и соработки. Ќе се дискутира за одржливиот дизајн на фасадите и безбедноста од пожар, ќе биде претставена архитектонската изложба „Основи на иновации“ преку прикажување на водечките фирми во архитектурата и ќе има предавања од етаблирани гости од професијата.



