- Посети: 1573
5-TИ КОНГРЕС ЗА БРАНИ
Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) се одржува 5-ти Конгрес за брани. Работниот дел на Конгресот е предвиден да трае во периодот 30.9-1.10.2021 година во хотел Дрим, Струга, додека на 2.10.2021 (Сабота) е предвидена стручна посета на камена брана со асфатна дијафрагма со придружни објекти - во фаза на градба.







Согласно одлуките на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од 15.6.2021 година, и во насока на заокружување на изборниот процес во Комората, од страна на Централната изборна комисија распишани се следните повици:
Почитувани членови на Комората ОАИ, ве информираме дека општината Лариса од Република Грција, објави Меѓународниот конкурс за идејни решенија за уредување на околината на Античкиот театар во Лариса со специфична покана до архитекти или мултидисциплинарни тимови составени од барем еден архитект заедно со други инженери, како што се пејзажни архитекти, урбани дизајнери итн. од целиот свет.
Во саботата на 18 септември 2021 година, со почеток во 10.00 часот во хотел Театар во Битола се одржа работна средба на Управниот одбор на Комората со собраниските делегати од Битолскиот регион.
До Комората ОАИ од Министерството за транспорт и врски, во рамките на добрата пракса за стручна соработка по важни прашања поврзани со правната регулатива и инженерството, беше доставено барање за мислење по Нацрт Законот за регулирање на статус на бесправно изградени објекти.



