Почитувани членови на Комроата,
BIM (Building Information Modeling) во контекст на градежната индустрија значи процес на проектирање, изградба и одржување на згради преку употреба на добро структурирани дигитални информации до кои треба да имаат пристап сите учесници во проектот.
БИМ е, пред сè, начин на работа. Збирот на информации е познат како „информациски модел“ се користи за запишување на сите фази од животниот циклус на објектот: од изградба до одржување и реновирање.
Повеќе: Јавен повик за заинтересирани апликанти за обуки за БИМ








Почитувани членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Ви ја проследуваме информацијата за бесплатен вебинар за ArchiCAD од GRAPHISOFT.
На 19 ноември 2021 година, преку видео конференциска врска се одржа 21 Генерално собрание на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers). Комората на овластени архитекти и овластени инженери како постојана членка, во овој изборен процес номинираше свои кандидати за позициите Претседател, Потпретседател и Ревизор во управните органи на оваа престижна европска инженерска организација.
Промоцијата на добитниците на награди од Меѓународниот архитектонски конкурс „New Spatial Reality of Cities Post-Covid 19“ се одржа на 17 ноември 2021 година, он-лајн преку Zoom платформата.
По неизвршениот избор на Потпретседател на Комората на седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од 15.6.2021 година, а согласно одлуката од собраниската седница број 02-543/13 од 15.06.2021 година, распишан е нов повик за избор на Потпретседател на Комората, со рок за доставување кандидатури до 25 ноември 2021 година.





