- Посети: 4651
Одржана презентација: BIM примери од архитектонската пракса - моделирање, документација и соработка
Во склоп на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери заедно со Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија на 13.10.2023 година (петок) во просториите на Комората, со почеток во 9:30 часот се одржа шесттото предавање од низата BIM активности за оваа година.
Присутните архитекти и инженери имаа ретка можност да слушнат директни искуства од колешката архитект Анастасија Спасовска, која на дневна основа низ нејзината работа активно е вклучена во моделирањето на информациски бази за проекти од деловната и општествената сфера. Спасовска е архитект со преку 7 годишно искуство во САД. Во Њујорк се бави со внатрешно уредување на проекти од деловен карактер додека последните 4 години соработува со архитектонското студио DFDG од Феникс, каде на различни позиции од дизајнер до тим координатор работи на проекти од образовен, деловен и општествен карактер. Мноштвото проекти ги има проследено од проектантска фаза сѐ до изведба.