Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје
Денес се појавуваат нови и неочекувани предизвици за големиот број постоечки брани во Европа и развој на нови хидро-проекти за поддршка на енергетската транзиција во светот. Во овој контекст, во периодот 5 до 8 септември 2023 година, во Interlaken, Switzerland (Интерлакен, Швајцарија), се одржа 12-тиот Симпозиум на Европскиот клуб на Меѓународната комисија за големи брани (EC-ICOLD). Сеопфатната тема на симпозиумот беше „Улогата на браните и акумулациите во успешна енергетска транзиција“.
Повеќе: 12-ти Симпозиум на Европскиот клуб на меѓународната комисија за големи брани