- Посети: 1474
Известување од Комората за форумот SHARE 2023
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE ви пренесува дел од настаните кои се планирани во наредниот есенски период. SHARE е еден од најинтензивните ивенти во регионот, извор на свежи информации кој поддржува континуирана обука на професионалци и промоција на млади таленти, со што целосно се поклопува со статутарните определби на Комората. Акцентот на годинашнава агенда е ставен на SHARE Романија 2023 чијашто програма на настани вклучува спој на експертски дискусии, изложби и конференции за архитектура со поканети меѓународни говорници. Секој настан служи како катализатор за нови идеи, врски и соработки. Ќе се дискутира за одржливиот дизајн на фасадите и безбедноста од пожар, ќе биде претставена архитектонската изложба „Основи на иновации“ преку прикажување на водечките фирми во архитектурата и ќе има предавања од етаблирани гости од професијата.