- Посети: 1340
Информација од конференција насловена „Инфраструктурата го поттикнува развојот и ја поддржува климатската акција“
На 31 март 2022 година, во хотелот Хилтон во Скопје се одржа конференцијата „Инфраструктурата го поттикнува развојот и ја поддржува климатската акција“ како дел од завршниот настан на проектот „Зајакнување на капацитетите на Северна Македонија за управување со јавната инфраструктура“, финансиран од Обединетото Кралство како поддршка за Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања и имплементиран од UNOPS.