Општина Аеродром објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки, со цел да се надмине проблемот со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.
Повеќе: Конкурс за изработка на идејни решенија за две градинки во Општина Аеродром








На 3 и 4 ноември 2022 година, во Скопје се одржа Вториот Конгрес за патишта - 2022 во организација на Друштво за Патишта на Република Македонија (ДПМ). Во нашата земја и во регионот во тек се значајни инвестиции во областа на патната инфраструктура, што е уште една причина за организирање на овој Конгрес. Собирот беше одлична можност за размена на позитивни искуства и знаења, на него присуствуваа повеќе од 350 учесници од 16 земји во Европа и од Македонија, со повеќе од 60 научни трудови.
На 20-ти октомври 2022 година, градот Скопје беше домаќин на регионалната конференција
На 2 ноември 2022 година, во просториите на Комората се одржа предавање за примената на БИМ технологијата во Словенија. На настанот со поздравен говор се обрати м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората. Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош, исто така, ги поздрави присутните и им се заблагодари на предавачите Матјаж Шајн и Петар Драгиќ од компанијата CGS Labs од Словенија за издвоеното време да го одржат ова предавање во Комората на маргините на
На 1 ноември 2022 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во организација на Одделението на инженери по геотехника беше спроведена активноста „Геотехнички денови во Комората", оваа година во форма на еднодневна обука/стручно предавање на тема „Стабилизација на косини и контрола на ерозија за одржлива геотехника".





