- Посети: 164
Сочувство и поддршка за трагедијата во Кочани
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија со неверување ја прими тажната вест за трагичната загуба на огромниот број на човечките животи во пожарот во Кочани.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на починатите. Нека имаат сила да ја издржат неизмерната болка, а на повредените им посакува брзо закрепнување.Овој потресен настан ќе остави неизбришлива трага во нашите срца. Во ова тешко време, изразуваме солидарност и ја нудиме нашата поддршка. Како професионална организација, остануваме посветени на обезбедување на придонес во процесот на закрепнување од оваа страшна трагедија. Веруваме дека само преку единство, сочувство и целосна подршка, можеме да почнеме да се обновуваме и да заздравуваме од оваа недонаместлива загуба, со надеж никогаш да не се повтори.