Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во конфренциската сала на КОАОИ во Скопје, на 19 октомври 2018 година, се одржа Трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија. Поводот за одржувањето на научниот собир е одбележувањето на значајниот јубилеј: 80 години од изградбата на првата брана во Р. Македонија - лачната брана „Матка“, која беше изградена во 1938 година.
Повеќе: Одржана трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија