Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка со Хабитат Македонија ги информираме членовите на Комората од Одделението на урбанисти и планери за отворен повик за доставување на понуда за изработка на детални урбанистички планови за дел од урбани блокови, во реонот на Генерален урбанистички план на град Велес.
Повеќе: Информација за повик за изработка на детални урбанистички планови







Со длабока тага Ве известуваме за смртта на членот на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и драг пријател г-н Неџади Зулбеари!
На 15 октомври 2020 година, во просториите на Комората се одржа работна средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Комората и претставници од Управниот одбор.
Оваа година изминаа 3 години од имплементацијата на ИСО стандардот 9001:2015 во Комората, па согласно условите од ИСО, потребна беше ресертификација, а не само редовна контрола. Ресертификацијата вклучуваше подетална проверка, споредено со редовните годишни контролни проверки.
На 29 септември 2020 година, на платото пред претседателската „Вила Водно“ во Скопје се одржа свечена церемонија за доделување на признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани студенти за 2020 година. Признанието по 17-ти пат го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.



