Во рамките на годишните активности т.н. „Геотехнички деноови во КОИА" на 24 Јуни 2024 година во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа стручно предавање во организација на одделението за геотехника и Друштвото за геотехника на Македонија со наслов „Одржливи земјени работи и стабилизација на почвата со иновативна геосинтетика и геосистеми" од страна на претставници од фирмата Taylor Engineering од В. Британија.







Комората како институционален партнер на SHARE Architects ја пренесува информацијата за потесниот избор од 71 дело што ќе се натпреваруваат за наградите од Централна и Југоисточна Европа за 2024 година.
Оваа година, по 18-ти пат, под покровителство на Претседателот на Р. Хрватска, во Опатија се одржаа Деновите на градежни инженери на Хрватска комора. Настанот, кој се одржа од 13 до 15 јуни 2024 година, собра бројни инженери, експерти и претставници на водечки компании од Хрватска и странство и уште еднаш обезбеди одлична платформа за размена на знаења, искуства и иновации меѓу експерти од градежната индустрија. Деновите на градежните инженери одамна се препознаени како најважен годишен собир на експерти од различни профили од областа на градежништвото. Тие вклучуваат семинари и тркалезни маси за речиси сите специјализирани гранки на градежништвото, регулативата и управувањето со проекти. На покана на Хрватската комора на градежни инженери, како претставник на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на овој настан учествуваше Неџат Бајрами, м-р од областа на градежништвото – во својство на Претседавач на Собрание на КОАИ. 




