- Посети: 1285
Информација за SHARE 2021
На 19 октомври во хотелот Хилтон во Скопје се одржа 4-тото издание на Меѓународниот Архитектонски и Инженерски форум SHARE.
На официјалното отворање на форумот SHARE 2021 со поздравни говори се обратија: арх. МИШКО РАЛЕВ, архитект професор, декан на Универзитетот за архитектура и дизајн на УАКС, Претседател на Асоцијацијата на архитекти во Македонија, арх. КРИСТИНКА РАДЕВСКИ, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија - како партнер на настанот, БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ, Министер за транспорт и врски, Влада на Република Северна Македонија, ГАБРИЕЛ НИКОЛА, ополномоштен министер, заменик-шеф на мисијата, Амбасада на Романија Република Северна Македонија, БОЈАН КАРАНАКОВ, продекан на Архитектонски факултет Скопје – „Св. Кирил и Методиј“.