- Посети: 8233
Претседателот на Комората во работен состанок со професор Ahmet Saglamer од Истанбул, Турција
После предавањета кои беа одржани на Градежниот факултет областа на геотехниката, претседателот на Комората, проф.д-р Миле Димитровски имаше работен состанок со професор Ahmet Saglamer од Истанбул, Турција, каде се разговараше за продлабучување на соработка помеѓу Комората ОАИ и Унијата на Комори на турските инженери и архитекти.







На 7 април (петок) 2017 година, студентите кои следат настава по предметот Животна средина и одржлив развој на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, имаа можност да следат гостинско предавање од Претседателот на Комората на овластени овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, проф. д-р Миле Димитриовски.
На 2 април 2017 година, претседателот на Комората, проф. д-р Миле Димитровски и претходниот претседател м-р Блашко Димитров, по покана на КИИП присуствуваа на Генералното Собрание на бугарската Комора на инженери за инвестициско проектирање. На Собранието на КИИП беа присутни околу 400 делегати, а претседателот Димитровски имаше свое кратко излагање за заедничките активности спроведени согласно потпишаниот Меморандум за соработка.
Здружението за брани (ЗМКГБ) организира стручна посета на брани и придружни објекти во Австрија во периодот 28.5 - 3.6.2017 година. Во прилог подолу можете да ги преземете деталните информации за уплата на аванс, прифатената понуда од агенцијата Савана и техничките податоци на објектите што ќе бидат посетени.



