Во рамките на свеченоста Ден на Комората која се одржа на 21 Декември 2024 година во салата на Комората по 11 пат беа доделени 4 награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.
Наградата од областа на архитектурата и урбанизмот го носи името на доајенот на македонската архитектура, почитуваниот професор Борис Чипан и претставува најголемо признание кое Комората го доделува на своите членови за значајни достигнувања и постигнати резултати остварени во сферата на архитектонското творештво, просторното и урбанистичко планирање, градителството, придонес во делувањето во организацијата, афирмирање на инженерската професија, научно – истражувачка и публицистичка дејност.
Повеќе: Доделена Наградата „Проф. Борис Чипан“ за 2024 година







Со задоволство ве информираме дека во сабота на 21 декември 2024 година со почеток во 14.00 часот ќе се одржи прославата на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Комората ја пренесува информацијата од WFEO (Светската федерација на инженерски организации) за најновото соопштение за печатот за настанот COP 29-, Забрзување на чиста технологија за енергија и земјоделство во малите островски држави во развој, во соработка со Инженерскиот институт на Канада, Институтот за електротехника и електроника инженери и Обединетото Кралство за цивилна институција Инженери.




