На 2 март 2024 година во салата на Советот на Општина Гостивар се одржа Регионалната средба во Западниот регион на која беа поканети поканети сите активни членови, но најголемиот број од присутните беа од регионот кој гравитира околу Гостивар. Средбата беше дел од планираните активности на Комората со цел приближување до членството преку обука за Тарифникот за Урбанистичко планирање и Ценовникот за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.
Повеќе: Информација од одржана Регионална средба на архитекти и инженери во западен регион








Комората на овластени архитекти и овластени инженери подготвува Регионална средба на архитекти и инженери која ќе се одржи во Гостивар на 02.03.2024 година (сабота).
Комората како членка во Светската федерација на инженерски организации (World Federation of Engineering Organizations - WFEO) ја пренесува информацијата за Светскиот ден на инженерството.
На ден 08.02.2024 година (четврток) во салата на Комората, реномираната компанија „Гардиан Глас“ како пионер во одржливи и ефикасни решенија за станбени згради во соработка со „Викториа Глас“ одржа презентација насловена како „Застаклување во станбени згради - предизивици и реализации“. Презентацијата ги акцентираше предизвиците и решенијата како одговор екстремните топлотни бранови во Централна Европа наспроти традиционалниот фокус на енергетската ефикасност во зима.




