- Посети: 5605
Во Пула, Хрватска се одржаа по 10-ти пат Денови на овластените електро инженери на Хрватска (ХКИЕ)
Во Пула, Хрватска во периодот од 4-8 октомври 2017 се одржаа по 10-ти пат Денови на овластените електро инженери на Хрватска (ХКИЕ).
Работниот дел на симпозиумот на 10-тите денови на Комората на овластени електроинженери на Хрватска се одвиваше со предавања на теми според распоредот и на двете сесии на таканаречените округли маси.Покрај излагањата во склоп на работата симпозиумот беше одрзана седница на меѓународниот одбор на Коморите на овластените електроинженери од Хрватска, Словенија, Црна Гора и Македонија.







Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во Струга, во периодот од 28 до 30 септември 2017 година, се одржа четвртиот конгрес за брани. За конгресот беа доставени 46 реферати, од кои 41 беа прифатени од Редакцискиот одбор да бидат отпечатени во Зборникот, а 34 беа избрани за говорна презентација на седум пленарни сесии. Меѓународниот редакциски одбор беше составен од еминентни професори во областа на хидротехниката, од Македонија, Словачка, Австрија, Романија, Словенија, Србија, Грција и Бугарија. Рефератите беа на македонски јазик (27) и на англиски јазик (14), а беа подготвени од автори од Македонија (28), Србија (6), Германија (1), Швајцарија (1), Словенија (1), Бугарија (1), Црна Гора (1), Хрватска (1) и од Косово (1).
Во Виена на 05.10.2017 се одржа Третиот инженерски ден организиран од ECEC, FEANI иECEC со тема перспективите на инженерската струка. На соборот свои излагања имаа преседателите на трите организации, а се одржа и тркалезна маса со дискусија на која учествуваше и преседателот на КОАИ, проф. д-р Миле Димитровски. Дел од заклучоците од настанот и фотографии можат да се најдат на сајтот на ЕЦЕЦ, ФЕАНИ и ЕЦЦЕ. Покрај учеството на трибината направени беа и финални разговори со претседателот на ЕЦЕЦ, м-р Чртомир Ремец за последни подготовки на агендата за 14 Генералното собрание на Европскиот Совет на Инженерски Комори кое ќе се одржи во Скопје на 20 и 21 Октомври 2017 година.
На 22 септември 2017, Битола и Техничкиот факултет во Битола беа домаќини на семинарот со тема „Проектирање на еко - хотели“. Овој семинар се одржа во организација на Комората и одделението за животна средина, на барање група архитекти и инженери од битолскиот регион. Предавањето го отвори раководителот на одделението проф. д-р Христина Спасевска, а потоа во една одлична атмосфера продолжи м-р Славјанка Пејчиновска Андонова.




