На 20 октомври 2022 година, во хотелот „Александар Палас“ – Скопје, во рамките на проектот “SEEtheSkills” се одржа Тркалезна маса на тема: „Идентификување на потребните енергетски вештини за постигнување на целите на Зелената агенда“, на којашто професионалните здруженија и асоцијации дискутира за најбараните занимања кои се потребни, кои тренинг шеми недостасуваат и нивно взаемно признавање меѓу земјите, како и компарација на професионалните способности со цел подигнување на свеста за придобивките од енергетските вештини. На Тркалезната маса во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваше Нада Брајковска, дипл. маш. инж, раководителка на одделението за Енергетска ефикасност.
Повеќе: Тркалезна маса на тема Одржливи енергетски вештини во градежништвото








Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) на 21 и 22.10.2022 година во хотел Оаза, Штип се одржа Втората Конференција за хидројаловишта. Комората на овластени архитекти и овластени инженери ја поддржа оваа Конференција. Инженер Александар Јанев, претстаник на Одделението на градежни инженери во име на Претседателката и на Управниот Одбор се обрати пред присутните на отворањето на собирот. Во продолжение можете да проследите извадоци од неговото излагање.
На 20 октомври 2022 година во конференциската сака на Комората беше промовирана книгата на д-р Петар Николовски, „Градежна физика - Основа на енергетска ефикасност на згради”, каде како издавач се јавува Комората на овластени архитекти и овластени инженери. На промоцијата беа присутни и рецензентите на книгата проф. д-р Александар Рајиќ од Белград, Република Србија и проф. д-р инж. Димитар Назарски од Софија, Република Бугарија. Поздравен говор на отварањето на настанот даде претседателот на Комората м-р Кристинка Радевски.
На 13 октоври 2022 година во организација на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија (GIZ), во хотел Marriott Скопје, се одржа Средба за вмрежување помеѓу германски и македонски институции и компании.
На 13 октомври 2022 година, во просториите на Комората се одржа презентација на Алуконигштал Schüco. Со воведен збор, настанот го отвори Бранко Димовски – менаџер на продажби во Алуконигштал, претставништво Скопје. Презентацијата ја спроведе Ивана Цимешиќ.





