Како продолжение на активноста за одржување на обуки за примена на Еврокодовите, во продолжение можете да го проследите повикот со предлог распоред за одржување на обуки за три модули, односно за проектирање на бетонски конструкции во високоградбата, челични конструкции во високоградбата и геотехнички конструкции и можете да се пријавите за посета во некој од посочените термини распоредени по градови.
Рокот за искажување интерес е 10.04.2024 година. Врз база на бројот на пријавени кандидати ќе се формираат групите и ќе се прецизираат термините. Истите ќе бидат објавени на 11.04.2024 година, а потоа пријавените кандидати ќе треба да извршат уплата.
Повеќе: Повик за пријавување за обуки за примена на Еврокодови 2024








Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE го пренесува повикот за аплицирање за „SHARE Architecture Awards“.
Во текот на минатата година се спроведе првата фаза од обуките за проектирање по Еврокодови. За потребите на обуката, Комората во својство на издавач, го финансираше изготвувањето прирачници и материјали за обуките, и тоа:
Комората ги пренесува последните известувања од Европската Комисија.





