- Посети: 2268
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КОАИ и ФЕИТ

Како резултат на продлабочувањето на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 15.4.2026 година беше потпишан Меморандум за соработка, во присуство на претставници од двете институции. Комората ја претставуваа претседателот м-р Дејан Метикош, раководителот на Одделението на електротехника Мицко Чадиноски и заменик претседател на надзорен одбор Владимир Јованов, додека од страна на ФЕИТ присуствуваа деканот проф. д-р Владимир Атанасовски и продеканите проф. д-р Живко Коколански и д-р Димитар Димитров.








Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) успешно се реализираше настанот на тема „Од научни податоци до практични одлуки: Поглед за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“.

Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа комерцијална презентација посветена на современите решенија за противпожарна заштита, во организација на BONPET.





