- Посети: 1793
Известување со укажување од катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности како надлежен орган за запишување на правата на недвижностите, во постапките на запишување на објектите во јавната книга, уредена согласно одредбите од Законот за катастар на недвижности и Законот за градење, утврди одредени недоследности при примената на одредбите од Законот за градење. Преземи го известувањето со укажување









На 12 септември 2022 година, во просториите на Комората се одржи стручно предавање за контрола и испитување на сообраќајна сигнализација и опрема. На собирот присуствуваа педесетина инженери и гости чија главна дејност е сообраќајно инженерство. Раководителот на одделението на сообраќајни инженери, Андон Петровски се обрати пред присутните и даде краток вовед во темата која беше презентирана.
Ве известуваме дека од петок 7 до недела 9 октомври 2022 година во кинотека Југословенска, на ул. Узун Миркова 1, во Белград ќе се одржи јубилејната традиционална Пета Интернационална манифестација и конгрес ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА - ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ (ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА - ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ – SAEE 2022). Манифестацијата ќе биде придружена со предавања, изложби, работилници, панели и други мултимедијални презентации. Конгресот овозможува оптимални услови за учество и промоција на вашиот бренд, услуги и производи.
Во рамките на регионалната мрежа на инженерски коморi IIRS, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како членка на мрежата добива информации од другите членки и ги споделува со своите членови. Во рамките на оваа соработка, Инженерската комора на Србија го сподели последниот број од нивниот Гласник во кој има информации за актуелните случувања и трендови во фелата во Србија.





