
Следејќи ги регионалните и светски трендови во градежништвото и во насока на подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, а во согласност со сите достигнувања во ИТ индустријата, како Комора започнуваме процес на анимирање и подготвување на нашите членови за примена и имплементација на BIM технологијата при изработка на секојдневните проектни решенија. За да ја реализираме оваа активност во координација со сите релевантни чинители на национално ниво, иницираме процес на подобрување на капацитетите на нашите компании во насока за полесна и побрза имплементација на овие решенија.
Повеќе: Втор циклус ОБУКИ ЗА БИМ со попуст за активни членови на Комората







4. Меѓународен стручен собир од областа на климатизација, греење и ладење - „energija+“ се одржа на 15 и 16 септември 2022 година во Подгорица. Стручниот собир претставуваше можност за собирање и размена на знаења, искуства и мислења на сите кои професионално се занимаваат со технологија за климатизација, греење и ладење или се поврзани со оваа област, како што се научници, истражувачи, конструктори, студенти, дизајнери, изведувачи и сервисери од областа на климатизација, греење и ладење, консултанти и инвеститори, претставници на производители и дилери на опрема за климатизација, греење и ладење, државни службеници од областа на градежништвото и заштитата на животната средина од Црна Гора и странство.
На 30 септември 2022 година (петок), во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема осветлување во концептот на паметен град. Собирот го поздравија Мицко Чадиноски - претставник на одделението на електроинженери при Комората, Воислав Радовиќ - регионален менаџер на Signify за централен Балкан и Наташа Димовска - генерален менаџер на компанијата Винт која е овластен дистрибутер на Philips Lighting за нашата земја.





