- Посети: 11426
Доделено признанието „Инженерски прстен 2018“ на најдобрите дипломирани студенти од техничките факултети

На 22 јуни 2018 година, на свеченост одржана во Вилата Билјана во Охрид, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го додели признанието „Инженерски прстен 2018" на најуспешните дипломирани студенти од техничките факултети.
По повод 15 годишниот јубилеј, Инженерска институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на претседателот Иванов, му додели признание за континуирана поддршка на манифестацијата „Инженерски прстен", како значаен сегмент во промовирање на инженерството и инженерските струки во Република Македонија.







На 14 јуни 2018 година, во Белград, по повод 15 години од основањето на српската Инженерска комора се одржа пригодна прослава на која присуствуваа проф. Д-р Миле Димитровски и Раде Лазаревски, претседател и потпретседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.
На 6 јуни 2018 година во Комората се одржа предавање на тема „Имплементација на системи за громобранска заштита од конвенционален тип“. Презентацијата на високо квалитетните системи за громобранска заштита и уреди за заземјување, од програмата на J.PRÖPSTER-Германија, една од најголемите компании во светот за производство на најсофистицирани елементи за надворешна и внатрешна громобранска заштита, ја спроведоа предавачите дипл.маш.инж. Кристина Николовска и Борјан Поповски од БЛИЦ ГАРД Скопје.





