Со имплементација на проектот „Со дигитализација до ефикасна администрација”, општина Кисела Вода е една од ретките општини во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат. Ако досега, за вадење на извод од урбанистички план, граѓаните чекаа по неколку месеци, сега, со новата електронска платформа, документот ќе го имаат на својата е-маил адреса за 72 часа, без да мора воопшто да доаѓаат до општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода го издаде првиот електронски извод од план