Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE ве информира дека сеуште има можност за пријавување до 15 Јуни 2024 година на „SHARE Architecture Awards“, но со соодветна котизација.
Повеќе: Пролонгиран рок за аплицирање за „SHARE Architecture Awards“ (2)







Комората на овластени архитекти и овластени инженери како постојана членка на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), го пренесува огласот на Одделот за јавни набавки на Министерство за транспорт и врски на Кипар, во врска со побарувањето на квалификувани консултанти за спроведување на новата зграда на Државната општа лабораторија (SGL) на Република Кипар.
Во рамките на „Геотехнички денови 2024 на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 16 мај 2024 година од 11 до 15 часот, во салата на Комората, се одржa стручно предавање на тема „Искуства и стратегии за справување со нестабилности кај косините и појавата на свлечишта“ oд проф. Вито Тагарели гостин од Политехничкиот Универзитет во Бари, Р. Италија.



