- Посети: 759
Одржана презентација „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“ - HOVAL
На 2 и 3 октомври 2024 година (среда и четврток), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората се одржa презентацијата на тема „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“. Настанот е организиран од Hoval Македонија, ново претставништво на меѓународната компанија Hoval од Лихтенштајн, специјализирано во технологијата за греење и климатизација.
Пред присутните архитекти и инженери се обратија: Димитар Петрушевски претставник на Hoval Македонија понатаму Цветелина Спаскова д.м.и, Костандин Џампалски, д.м.и од Република Бугарија и Питр Бохослав од Чешката Република.
Повеќе: Одржана презентација „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“ - HOVAL







Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош присуствуваше на Свечена академија по повод 75 години Градежен факултет. Тој во своето обраќање пред присутните во име на сите членови на КОАИ го честиташе јубилејот – 75 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје.
На покана на Хрватската Комора на инженери по електротехника, на 16-ти Денови на електроинженери кои се одржуваат од 3 до 5 октомври 2024 година во Бол на островот Брач во Хрватска, присуствуваат Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак, раководителот на одделението за електроинженери Владе Гроздановски и заменик Претседавачот на Собранието на Комората Мицко Чадиноски.




