На седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, одржана во сабота на 19 ноември 2022 година во просториите на Комората, се донесе Ценовник за инженерски услуги во високоградба!
Повеќе: Донесен Ценовник за инженерски услуги во високоградба!








Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година доделува четири именувани награди на заслужни инженери.
Општина Аеродром објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки, со цел да се надмине проблемот со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.
На 3 и 4 ноември 2022 година, во Скопје се одржа Вториот Конгрес за патишта - 2022 во организација на Друштво за Патишта на Република Македонија (ДПМ). Во нашата земја и во регионот во тек се значајни инвестиции во областа на патната инфраструктура, што е уште една причина за организирање на овој Конгрес. Собирот беше одлична можност за размена на позитивни искуства и знаења, на него присуствуваа повеќе од 350 учесници од 16 земји во Европа и од Македонија, со повеќе од 60 научни трудови.
На 20-ти октомври 2022 година, градот Скопје беше домаќин на регионалната конференција 





