На 10 декември 2018 година, во Битола, во просториите на нашиот традиционален партнер Технички факултет-Битола, се одржа предавање на тема „Имплементација на фасадните новитети Schüco во современите градби“ во организација на компанијата Alukönigstahl.
Презентациите ги одржаа Ивана Цимешиќ и Бранко Димовски.








На 6 декември 2018 година, во просториите на Комората се одржа информативна средба со Професори и студенти од Архитектонскиот факултет, при Државниот универзитет во Тетово.
Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, ја промовираа монографијата „15 години Инженерски прстен“. Со промоција на монографијата, во Македонската академија на науките и уметностите, се одбележаа 15 години од првото доделување на Инженерскиот прстен, кој досега го добиле 150 најдобри студенти – инженери.
На 17 Ноември во Загреб, Република Хрватска се одржа 16 Генерално собрание на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), со седиште во Брисел.
На 15 ноември 2018 година, во просториите на Комората се одржа предавање насловено „Изложеност на АБ конструкции во современите урбани средини и сообраќајната инфраструктура, европски норми и практики за заштита на бетонските конструкции“. Теми на предавањето беа: Основни причинители на оштетувања на АБ конструкции и Материјали и системи за заштита на АБ конструкции.





