Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора распиша меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на Центарот за прием на животни од списокот CITES и ЗОО градина со придружната контактна зона во Беране.
Конкурсот е меѓународен, генерален, едностепен и анонимен.
Повеќе информации за Конкурсот








SHARE Architects и Асоцијацијата на архитекти на Македонија во партнерство со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија го објавуваат SHARE Skopje 2022 кој ќе се одржи на 15 ноември 2022 година.
На 22 јули 2022 година, во Битола, градоначалникот на Општина Битола и Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заедно со претставници на Општината, Комората и Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети одржаа работен состанок. Состанокот претставува логично продолжение на активностите во насока на унапредување на регулативата што го регулира градењето во старите градски јадра.
Од 13 до 16 јули 2022 година се одржа 74. Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери -
На 13 јули 2022 година, Општина Кисела Вода го објави Меѓународниот конурс за идејно решение за Расадник, прв Меѓународен конкурс во Македонија после 1965 година. На прес конференција беа соопштени сите детали околу конкурсот кој ќе биде отворен во наредните четири месеци.





