Главната дејност на Комората на овластени архитекти и овластени инженери е штитењето на јавниот интерес и унапредување на архитектонската и инженерската професија преку континуирани процеси на едукација. Во таа насока раководството на институцијата во целост ја превзеде и оперативно ја подржа имплементацијата на „Еврокодовите“, Европските стандарди за проектирање градежни конструкции (Еврокодови) кои стапија на сила на 2 септември 2020 година во Република Северна Македонија и имаат паралелна примена со постојните правилници сѐ до 2 септември 2023 година.
Повеќе: Информација за спроведување на обуки за „Еврокодови“ како програмска определба усвоена од...