- Посети: 762
Одржана презентација „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“ - HOVAL
 На 2 и 3 октомври 2024 година (среда и четврток), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората се одржa презентацијата на тема „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“. Настанот е организиран од Hoval Македонија, ново претставништво на меѓународната компанија Hoval од Лихтенштајн, специјализирано во технологијата за греење и климатизација.

Пред присутните архитекти и инженери се обратија: Димитар Петрушевски претставник на Hoval Македонија понатаму Цветелина Спаскова д.м.и, Костандин Џампалски, д.м.и од Република Бугарија и Питр Бохослав од Чешката Република.
Повеќе: Одржана презентација „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“ - HOVAL

 Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош присуствуваше на Свечена академија по повод 75 години Градежен факултет. Тој во своето обраќање пред присутните во име на сите членови на КОАИ го честиташе јубилејот – 75 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје.
Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош присуствуваше на Свечена академија по повод 75 години Градежен факултет. Тој во своето обраќање пред присутните во име на сите членови на КОАИ го честиташе јубилејот – 75 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје. На покана на Хрватската Комора на инженери по електротехника, на 16-ти Денови на електроинженери кои се одржуваат од 3 до 5 октомври 2024 година во Бол на островот Брач во Хрватска, присуствуваат Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак, раководителот на одделението за електроинженери Владе Гроздановски  и заменик Претседавачот на Собранието на Комората Мицко Чадиноски.
На покана на Хрватската Комора на инженери по електротехника, на 16-ти Денови на електроинженери кои се одржуваат од 3 до 5 октомври 2024 година во Бол на островот Брач во Хрватска, присуствуваат Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак, раководителот на одделението за електроинженери Владе Гроздановски  и заменик Претседавачот на Собранието на Комората Мицко Чадиноски.
 Од 26 септември 2024 година, во Хотел & Ресорт „Метропол“ во Охрид, ќе се одржи првиот Климатон. Езерото Охрид е извонреден природен феномен, кој обезбедува засолниште за бројни ендемски и реликтни слатководни видови на флора и фауна, датирани од терциерниот период. Климатонот има за цел да ја подигне свеста за проблемите со загадувањето на Охридското Езеро и да најде конкретни решенија за нивно надминување.