- Посети: 813
Одржана презентација на НАЦРТ Правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
На 12 Април 2024 година (петок), пред преполна сала на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) се одржа Презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Правилникот е изработен од страна на Комората со поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) како предлог подзаконски акт.
Препознавајќи ја потребата и предизвиците со кои се соочуваат членовите на КОАИ, во текот на 2022 и 2023 година Комората проактивно работеше на изработка на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Тимот кој работеше на него се состоеше од претставници од сите одделенија на Комората, за да може секој во својата област да даде соодветен придонес.