- Посети: 917
Одржана регионална средба во Кичево
На 21 Февруари 2025 со почеток од 11:00 часот во просториите на Советот на Општина Кичево се одржа Регионална средба на овластени архитекти и овластени инженери, првата од овој тип на активностит на Комората, зацртани во календарот за 2025 година.
Собирот се одржа на барање на архитектите и инженерите од Западниот Регион, а на иницијата на архитект Ристе Лазаровски од Кичево. На настанот беа поканети и сите членови на Комората.
Пред присутните со поздравни обраќања, најнапред присутните ги поздравија Претседателката на Комората г-ѓа Кристинка Чулак, претставничката на Министерството за транспорт г-ѓа Елена Павловски - Советник во одделение за уредување на просторот во рурална средина, раководителката на секторот за урбанизам на општина Кичево г-ѓа Вјолца Абази, Веселинка Герасимова Петровска, раководителка на одделението на архитекти во Комората и раководителот на одделението урбанисти – Михаел Димитровски.







На третата средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти, одржана во Битола на крајот на 2024 година, специјален гостин беше Кристоф Најдовски – Французин со битолски корени и актуелен заменик-градоначалник на Париз. Тој сподели инспиративна приказна за тоа како Градот на светлината, за само две децении, успеа да го преполови бројот на автомобили и да се трансформира во одржлив, зелен и хуман град, исполнет со паркови, чист воздух и урбана хармонија.
Комората ја пренесува информацијата за онлајн настан за обука развиен од истражувачкиот тим ETHER со финансиска поддршка на проектот Engineers 4 Europe (E4E). Целта на овој курс е да им се помогне на инженерите да ги развијат своите професионални компетенции и да се овозможи соработка со инженерски едукатори, претставници од сектори за човечки ресурси во градежната индустрија, инженерски здруженија, федерации и сл.
Комората ја пренесува информацијата од ECCE – Европскиот совет на градежни инженери за претстојниот вебинар организиран од Националниот совет на инженери (CNI - Италија) кој ќе се одржи на 31 јануари 2025 година од 9:00 до 12:30 часот на тема: „Учење од терен- Најдобри практики за рехабилитација и појачување на армиран бетон“.
На 28 Јануари 2025 година, во просториите на Комората, помеѓу овластените лица – г-ѓа Кристинка Чулак, Претседателката на Комората и г-дин Џеват Селами, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка.



