- Посети: 23208
Нов Закон за просторно и урбанистичко планирање
Согласно Акцискиот план за реформа на законодавството од областа на планирањето и градењето за работа на предлог измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во рамки на иницијативата на Владата околу измена, дополна и усогласување на Законската регулатива која го регулира планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот формирана е РАБОТНА ГРУПА К0. Работната група К0 на 25.09.2018 година, во просториите на Комората ОАИ, одржа работен состанок, на кој се дискутираа предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање.







На 3 октомври 2018 година, во салата за конференции на Комората ОАИ, м-р Франц Јенко, дипл. ел. инж. од ETI Elektroelement, Словенија, одржа презентација на тема: „Пренапонска заштита во нисконапонските мрежи и заштита на фотоволтаични системи – Green Protect“.
На 20 септември 2018 година во Комората се одржа предавање за архитекти од областа на проектирањето на плафонски системи. 



