- Посети: 1189
Одржан 4. Меѓународен стручен собир од областа на климатизација, греење и ладење - „energija+“ во Подгорица
4. Меѓународен стручен собир од областа на климатизација, греење и ладење - „energija+“ се одржа на 15 и 16 септември 2022 година во Подгорица. Стручниот собир претставуваше можност за собирање и размена на знаења, искуства и мислења на сите кои професионално се занимаваат со технологија за климатизација, греење и ладење или се поврзани со оваа област, како што се научници, истражувачи, конструктори, студенти, дизајнери, изведувачи и сервисери од областа на климатизација, греење и ладење, консултанти и инвеститори, претставници на производители и дилери на опрема за климатизација, греење и ладење, државни службеници од областа на градежништвото и заштитата на животната средина од Црна Гора и странство.








На 30 септември 2022 година (петок), во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема осветлување во концептот на паметен град. Собирот го поздравија Мицко Чадиноски - претставник на одделението на електроинженери при Комората, Воислав Радовиќ - регионален менаџер на Signify за централен Балкан и Наташа Димовска - генерален менаџер на компанијата Винт која е овластен дистрибутер на Philips Lighting за нашата земја.

На 12 септември 2022 година, во просториите на Комората се одржи стручно предавање за контрола и испитување на сообраќајна сигнализација и опрема. На собирот присуствуваа педесетина инженери и гости чија главна дејност е сообраќајно инженерство. Раководителот на одделението на сообраќајни инженери, Андон Петровски се обрати пред присутните и даде краток вовед во темата која беше презентирана.





