- Посети: 12270
Информација за настан од проект TRAINEE - за проблематика од областа на енергетската ефикасност
На 22 и 23 февруари 2019 година, во хотел Порта, ќе се одржи дводневна обука наменета за инженери-дипломирани архитекти, со минимално образование - ниво VII, кои дејствуваат во полето на проектирање на градежни објекти или се ангажирани во јавни институции и се занимаваат со проблематиката на енергетска ефикасност.
(Напомена: Настанот не е во организација на Комората, ниту пак Комората стои зад содржината и квалитетот на обуката)








Урбанистот Рафаил Влчевски е еден од доајените на урбанистичкото планирање на овие простори, поранешен директор на Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје и добитник на наградата од Комората за 2018 година, именувана Проф. Борис Чипан.
На 31 јануари 2019 година, на маргините на VÖBU FAIR – најголемиот геотехнички саем кој се одржува во Виена, Австрија, од страна на Австриската асоцијација на инженери и архитекти беше организирана 12. Австриска геотехничка конференција.
Во врска со зачестениот интерес на членството за напредокот на Законската регулатива и за тарифниците ја споделуваме следната информација
На 24 јануари 2019 година по покана на претседателот, во неколкучасовна посета на КОАИ престојуваше Антони Пешев, претседавач на собранието на Стопанската Комора. После запознавање со основните дејности на нашата комора Пешев беше запознаен со капацитетите за професионална работа на комората на полето на инженерството, и со фактот дека во Комората членуваат околу 7.000 архитекти и инженери со огромен професионален капацитет.





