- Посети: 8200
Научна конференција: Загадувањето на градовите во Република Македонија – кои се решенијата?
На 1 и 2 ноември 2018 година, се одржа научна конференција на која учествуваа претставници на Комората. На конференцијата се дискутираше за загадувањето на градовите во Република Македонија, со намера да развијат широка платформа за дискусија и да посочат научно аргументирани и изводливи решенија за надминување на најгорливите еколошки проблеми на современите урбани заедници во државава.
Повеќе: Научна конференција: Загадувањето на градовите во Република Македонија – кои се решенијата?








Во рамките на работата на Одделението на сообраќајни инженери на 9 ноември беше организиран настан со предавање на тема: Транспортно планирање за одржлива урбана мобилност во градовите. Предавач на овој настан беше м-р Горан Јовановиќ од АППИА ДОО Љубљана, Словенија.
Словенечката Инженерска комора го организира Светскиот градежен форум (WCF2019), кој ќе се одржи во Љубљана, Словенија, од 8 до 11 април 2019 година.
На 27 октомври (сабота) 2018 година, во просториите на Комората се одржа седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.
На 25 октомври 2018 година, во просториите на Комората се одржа еднодневен семинар на тема „Што уредуваат измените на Законот за градежни производи и нацрт националните стандарди?“. На семинарот се зборуваше за измените на Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 120/2018), кои се донесени со цел да се уредат условите за пуштање на пазар на градежните производи од нехармонизирано подрачје, да се уредат условите при увоз на градежните производи, а воедно и подобрување на терминологијата во Законот.





