Комората на овластени архитекти и овластени инженери како постојана членка на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), ги пренесува последните огласи и известувања од Европската Комисија, како што се:
• Дали сте млад дизајнер? Поднесете дизајн за униформа за персоналот на World Expo на ЕУ и освојте патување во Осака!
Во тек е вториот повик за програмата EmpoWomen кој е наменент за жени - претприемачи во deeptech.
EmpoWomen е двогодишна програма (2024-2025) финансирана од Европската Унија за истражување и иновации на Horizon Europe, чија цел е да се справи со недоволната застапеност на жените во секторот на напредна наука, инженерство и дизајн, особено во европските земји во развој.
- Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје -
Во периодот од 11 до 13 септември 2024 година, во Атина, Грција, се одржа 7-миот Меѓународен Симпозиум на Работната група „Брани и земјотреси“ (WGDE) на Европскиот клуб (ЕC) на Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD). После многу успешните симпозиуми на WGDE-EC-ICOLD, каде што првиот се одржа во Saint Malo, Франција, на седмиот настан во Атина се собраа врвните експерти од оваа област за да ги презентираат најновите сознанија од дејството на земјотресите врз браните и да дискутираат за најзначајните предизвици поврзани со сеизмичката отпорност на бетонските и насипните брани.
На 2 и 3 октомври 2024 година (среда и четврток), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората се одржa презентацијата на тема „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“. Настанот е организиран од Hoval Македонија, ново претставништво на меѓународната компанија Hoval од Лихтенштајн, специјализирано во технологијата за греење и климатизација.
Пред присутните архитекти и инженери се обратија: Димитар Петрушевски претставник на Hoval Македонија понатаму Цветелина Спаскова д.м.и, Костандин Џампалски, д.м.и од Република Бугарија и Питр Бохослав од Чешката Република.
Повеќе: Одржана презентација „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“ - HOVAL
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
Пон | Вто | Сре | Чет | Пет | Саб | Нед |
---|---|---|---|---|---|---|
1
| ||||||
2
|
3
|
4
|
6
|
7
|
8
| |
9
|
14
|
15
| ||||
16
|
17
|
18
|
19
|
20
|
21
|
22
|
23
|
24
|
25
|
26
|
27
|
28
|
29
|
30
|
31
|
Преземи Анекс кон ценовникот за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
[Службен весник на РСМ бр.54 од 13.03.2023 година]
Преземи ценовник за висината на минималниот надоместок на услугите на овластените архитекти и овластените инженери во област на високоградбата
[Службен весник на РСМ бр.259 од 01.12.2022 година]
Преземи ценовник со табели во боја
Преземи Анекс на ценовник со табели во боја
За да го користите Калкулаторот потребно е да дадете дозвола на Вашиот компјутер да извршува Macro команди и да овозможите кирилична поддршка во Windows > Regional Settings > Language for non-Unicode programs.
Преземи Упатство за работа на Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба
Образец за пријава до Комисија за постапување по пријави за непочитување на Ценовникот високоградба
Преземи Упатство за формирање на цена со примена на Ценовникот за висината на минималниот надомест за инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата