
Повеќе: Активности во врска со усогласување на Законот за урбано зеленило
- Посети: 834
Одржана презентација: BIM примери од архитектонската пракса - моделирање, документација и соработка
Во склоп на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери заедно со Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија на 13.10.2023 година (петок) во просториите на Комората, со почеток во 9:30 часот се одржа шесттото предавање од низата BIM активности за оваа година.
Присутните архитекти и инженери имаа ретка можност да слушнат директни искуства од колешката архитект Анастасија Спасовска, која на дневна основа низ нејзината работа активно е вклучена во моделирањето на информациски бази за проекти од деловната и општествената сфера. Спасовска е архитект со преку 7 годишно искуство во САД. Во Њујорк се бави со внатрешно уредување на проекти од деловен карактер додека последните 4 години соработува со архитектонското студио DFDG од Феникс, каде на различни позиции од дизајнер до тим координатор работи на проекти од образовен, деловен и општествен карактер. Мноштвото проекти ги има проследено од проектантска фаза сѐ до изведба.
Почитувани, Ве покануваме да бидете дел од обуките кои следат за примена на Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.(ценовник и анекс на ценовник)
Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во областа високоградбата. Токму затоа во годишната програма на КОАИ за 2023 година, планирани се обуки за примена на Ценовникот за сите инволвирани страни - Договорни органи (Инвеститори - од Јавен и Приватен сектор, БЈН и сл.)
На покана на Хрватската Комора на инженери по електротехника, на 15-ти Денови на електроинженери што се одржаа од 4 до 7 октомври во Бол на островот Брач во Хрватска, присуствуваа Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак, раководителот на одделението за електроинженери Владе Гроздановски и членот на Надзорниот Одбор на Комората, Миле Дабевски.
Во своето обраќање на свеченото отварање Претседателката Чулак ги поздрави присутните во име на сите членови на Комората и им го честита јубиларното издание на овој најпрестижен настан на електроинженерите на Хрватска, со желби за уште долги години успешна работа и продлабочување на меѓусебната соработка меѓу двете комори. Таа истакна дека во време на глобалната енергетска транзиција и во процесите на изнаоѓање на обновливи извори на енергија со цел зачувување животната средина на планетата земја, улогата на електроинженерите е клучна и дека вакви собири се најдобриот начин за размена на искуствата, но и постигнување на уште поголеми резултати.
Комората ја пренесува информацијата за Денови на Архитектурата 2023 кои ќе се одржат од 17-19 Ноември 2023 во Музичката дворана во Подгорица, Црна Гора.
Во организација на Комората на архитекти од Црна Гора во ноември ќе се одржат вторите Денови на архитектурата со официјална тема: REUSE.
Коорганизатори и партнери на настанот се Архитектонскиот факултет во Подгорица, Асоцијацијата на архитекти, Италијанската агенција за надворешна трговија ICE/ITA, главниот град Подгорица и Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам.
„Повторната употреба“ е термин кој широко се користи во секој сектор на општеството. Неодговорното депонирање на отпадот во која било форма е штетно за здравјето и животната средина. Градежниот отпад и отпадот од рушење сочинува приближно 25%–30% од вкупниот отпад создаден во Европската Унија.
Повеќе: Настан во најава: Денови на Архитектура 2023, Подгорица, Црна Гора