Македонската комора на овластени архитекти и инженери на 3 и 4 февруари 2017 год. во хотел ДУВЕТ, беше домаќин на своите колеги од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија во рамки на редовниот состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка (ИИРС).
Инженерите од овие 6 регионални држави, преку своите инженерски комори работат на 6 заеднички проекти од интерес на инженерската струка, а македонската комора го води проектот за инженерските образовни квалификации и признавање на овластувањата помеѓу земјите членки на ИИРС.
Повеќе: Во Скопје се одржа состанокот на Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка