- Посети: 6335
Охрид беше домаќин на 17. Меѓународен Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија
Во периодот од 4-7.10.2017 год. во Охрид се одржа 17. Меѓународен Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Симпозиумот го поздрави и го отвори Министерот за транспорт и врски, г-дин Горан Сугарески.
Симпозиумот беше посветен на тема која одсекогаш била предизвик за градежните конструктори, а тоа е влијанието на природните катастрофи врз конструкциите. Природните катастрофи, како: земјотреси, цунами, лизгање на земјиште, поплави, суши, вулкански ерупции и сл. се предизвикани од природни сили.