- Посети: 13871
Техничкиот факултет во Битола домаќин на предавањето „Обука за ЕУ фондови и менаџмент во инженерство“
Битола, 23 февруари 2018 година, се одржа повторното предавање за обука за ЕУ фондови и менаџмент во инженерство од страна на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика. На предавањето својот интерен го прикажаа околу 60 инженери и архитекти.
Предавачи беа д-р Ангелина Танева-Вешоска за менаџмент во инженерството и Сузана Касовска Георгиева за ЕУ фондовите.
Повеќе: Техничкиот факултет во Битола домаќин на предавањето „Обука за ЕУ фондови и менаџмент во...







На 17 Ноември 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ се одржа предавањето на тема: “ЗАШТИТНА ОГРАДА - ЕВРОПСКИ СТАНДАРД EN1317 И ПРОБЛЕМИ СО ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА. Известување за предавањето беше пуштено на сите сообраќајни инженери од именикот на Комората кој брои 121 инженер. На предавањето присуствуваа 40 инженери, каде покрај сообраќајните инженери присутни беа градежни инженери со смер патишта и железници. Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе пауза на средина од предавањето. Задоволството и интересот на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план. По завршувањето на предавањето дел од присутните продолжија со дидскусија на темата со предавачот и беа поделени потврдите за присуство на настанот.



