- Посети: 22812
Одржано 12. редовно годишно Собрание на Комората
На 23 февруари 2019 година, се одржа редовната годишна седница на Собрание на Комората. На седницата, меѓудругото, се усвои годишниот извештај за работата на Управниот одбор на Комората и Програмата за работа на Комората за 2019 година.








На 19 февруари 2019 година, Проф. д-р Роман Кунич, во просториите на Комората во присуство на 70тина инженери, одржа предавање насловено „Напредни иновативни супер-изолациски материјали за енергетска ефикасност на згради“.
На 18 февруари 2019 година, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Републија Македонија се одржи предавање и презентација на производите на компанијата OILON.
На 22 и 23 февруари 2019 година, во хотел Порта, ќе се одржи дводневна обука наменета за инженери-дипломирани архитекти, со минимално образование - ниво VII, кои дејствуваат во полето на проектирање на градежни објекти или се ангажирани во јавни институции и се занимаваат со проблематиката на енергетска ефикасност.
Урбанистот Рафаил Влчевски е еден од доајените на урбанистичкото планирање на овие простори, поранешен директор на Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје и добитник на наградата од Комората за 2018 година, именувана Проф. Борис Чипан.





