
На 21 и 22.05.2018. Претседателот на комората, Проф. д-р Миле Димитровски и Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Проф. д-р Зоран Шапуриќ беа на дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум – Регионална соработка на Балканот", организирана од Европскиот совет на инженери.







Денеска на 14 мај 2018 година, во Комората се одржа работна средба помеѓу претседателот на Комората проф.д-р Миле Димитровски и м-р Џеват Кицара, директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија во посредство на министерот Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива и подобрување на инвестициската клима. Двете институции ја констатираа досегашната одлична соработка, како и можноста истата да ја формализираат со заеднички Меморандум за соработка.



