- Посети: 18981
Ценовник за урбанистичко плански услуги
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, согласно член 16, став 14 од Законот за просторно и урбанистичко планирање , Сл.Весник на РМ бр.199/2015 го изработи "Ценовникот за урбанистичко плански услуги" кои ги даваат лиценцираните фирми за урбанистичко планирање.
Овој Ценовник е само предлог од Комората и истиот сеуште не е усвоен од Владата на Република Македонија.
Ве известуваме дека истиот можете да го користите само како упатство сѐ додека не биде потврден од Владата на Република Македонија и донесен Собранието на Комората. Ценовникот по негово донесување од Собранието на Комората и објавување во Службен весник на Р.Македонија ќе биде ставен во официјална примена.