- Посети: 4219
Одржано предавањето на тема “Чисти соби за тестирање и класификација за ISO и GMP обука“
Предавањето на тема: “Чисти соби за тестирање и класификација за ISO и GMP обука ” ,се одржа на 06 Јуни 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ на РМ со почеток од 12 : 15 часот. На предавањето присуствуваа 22 електро инженери од 50 електронски пријавени и околу 7 инженери кои дојдоа на предавањето со желба да присуствуваат бидејќи немале можност и тие да се пријават поради пополнетиот број на пријавени.
Повеќе: Одржано предавањето на тема “Чисти соби за тестирање и класификација за ISO и GMP обука“







На 06 јуни 2017 година на свеченост одржана во манастирскиот комплекс „Свети Наум“, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов ги врачи инженерските прстени на десетте најдобро дипломирани инженери од десет факултети на петте најдобро рангирани универзитети во Република Македонија. Прстените ги доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија според посебен правилник за Инженерски прстен.
На 20 мај 2017 година во Љубљана се одржа состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка каде делегација од Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваше на редовниот состанок во состав Проф. д-р Миле Димитровски, Проф. д-р Миле Станковски, Реџеп Асани, дипл.инж.арх и Д-р Гајур Кадриу.



