- Посети: 206
Соопштение за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во февруарска испитна сесија
Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во петок на 28.02.2025 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - февруарска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови. Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 10.02.2025 година.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт).